МК Сцена
Легијата и диџеј од Лондон специјални гости вечерва на концертот на САФ
Изненадувачки големиот интерес за концертот на САФ вечерва на Скопски Саем не престанува. Голем број фанови од цела Македонија се организираат по социјалните мрежи за заеднички да го проследат според нив најважниот концерт на деценијата.
САФ вечерва на радост на нивните поддржувачи , во продажба ќе ги пуштат и репликите на винил плочите, цедињата и демо касетата од култниот албум „Сафизам“, а ќе може да се купат и маички.
Денеска САФ ги открија и гостите кои ќе се појават на концертот- „Легијата“ и диџеј од Лондон чие име се уште го држат во тајност.




