МК Сцена
Промовиран романот „Бездомникот со златен часовник”
Вчеравечер на Булеварот на книгите се промовираше романот за 2015-та година, ,,Бездомникот со Златен часовник”, на младата и талентирана авторка, Верче Карафилоска.
,,Ова е романот кој долго време го пишував и среќна сум што конечно е помеѓу читателите. Среќна сум што првите импресии на оние кои ја купија книгата се позитивни и задоволна сум од критиките кои ги добив. Роман во кој ги покажува нештата онакви какви што се, со едно основно прашање, колку чини еден дом?” – изјави Верче Карафилоска, автор на книгата ,,Бездомникот со златен часовник”
Многу пријатели, гости и професори ја почестија Верче со своето присуство и беа дел од синоќешната промоција на која авторката потпишуваше книги и која беше еден вид на прослава и забава на која се наздравуваше и забавуваше.




