МК Сцена
МАКЕДОНИЈО ГЛАСАЈ ЗА ПОБЕДА НА „ЅВЕЗДИЧКИ“: Мартија со светски настап со хитот „Radioactive“ (ВИДЕО)
Громогласен аплауз од публика беше она што следеше по фантастичниот настап на нашата најмила Мартија Станојковиќ, која вечерва во големото суперфинале се претстави првин со “Radioactive” од Imagine dragons.
– Мене веќе ми е непријатно да те фалам. Немам зборови, не знам како да те искоментирам. Ова вечерва ми е еднакво задоволство како што ќе ја гледам Бијонсе во септември во Америка. – искоментира Милан. Најголеми епитети за неа даде и Томашевиќ – вонсериска, раскошна, моќна, спектакуларна.
