МК Сцена
Со „I will always love you“ Антониа чекор поблиску до победа на „Ѕвездички“ (ВИДЕО)
“I will always love you” – Антониа ја посвети некому песната
Победнички настап на нашата Антониа. Во самата завршница на натпреварот кога се останати само осум деца кои ќе се борат за победничката статуа, таа, нашата гордост, успеа да ги разнежни срцата на сите пред малите тв екрани и оние во салата. “I will always love you” од легендарната Витни Хјустон беше јаготката на шлагот, најдоброто од најдобрите нејзините настапи.
– Ти можеш само да бидеш пример на сите нови генерации за тоа што значи перфектно пеење. Ова беше Евровизија, ова беше Бродвеј, Холивуд, можеби Булевар на славните – искоментира Леонтина. Останати членови исто така воодушевени.




