МК Сцена
МАРТИЈА ДО ПОБЕДА: Гласајте за Македонката да победи во „Ѕвездичките на Пинк“
Антониа Гиговска од Скопје заврши седма во суперфиналето на шоуто “Ѕвездичките на Пинк”. За девојчето со ангелски глас ова е само почеток на нејзината блескава кариера, која веќе почна цврсто да ја гради. Но, Мартија е се уште во шоуто и таа е онаа која ќе продолжи во наредниот час и половина да ги брани боите на Македонија се’ до големата победа.
По “Radioactive”, Мартија Станојковиќ се претстави со уште една енергична песна во суперфиналето на Пинковите ѕвезидчки. Таа го отпеа ланскиот летен хит “Roma Bangkok”. Покрај многутте песни отпеани на англиски и српски јазик, таа во суперфиналето изненади со динамична интерпретација на песна на италијански јазик. Македонската и балакнската публика и дадоа шанса на Мартија да продолжи да се бори.
