Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Песна која ќе се слуша долго: Пејачката Бојана Скендеровски се враќа на музичката сцена со голем хит! (ВИДЕО)

МК Сцена

Песна која ќе се слуша долго: Пејачката Бојана Скендеровски се враќа на музичката сцена со голем хит! (ВИДЕО)

По подолга пауза на македонската музичка сцена со нова песна се враќа и познатата пејачка Бојана Скендеровски или пак ако сакате и Атанасовска.

Малку повозрасната публика и тоа како знае за Бојана, која пред десет години беше можеби една од најакативните пејачки на домашната сцена. Особено ја паметат по нејзиниот мега-хит „Во дилема“, на кој се појавија и Роберт Билбилов и раперот Тони Зен. 

Овојпат нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски. 

„Круна“ е името на нејзината песна, за која како кажавме како автор се потишува Николче, додека пак текстот е дело на Сара Пројковска. Таа беше промовирана вчеравечер (среда) во живо на фејсбук-страницата на Бојана.

– „Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам“ – изјавува Бојана.

За песната Бојана сними и видеоспот на кој работеше професонална екипа од продукцијата „Скендеровски“, а истиот се снимаше на неколку локации во Скопје. Она што е интересно, што покрај Бојана во спотот се појавуваат и нејзините деца, ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.

– „Кога на моите најблиски им кажав дека името на песната е „Круна“, нормално првото прашање беше од каде името и какво значење има. Круна на мојот живот се токму моите две деца и поради тоа симболично со Николче го одбравме тоа име за песната“ – објаснува познатата пејачка.

Таа вели дека ова е само почеток, бидејќи нејзините планови се да биде повеќе активна во полето на музиката, но нема да се откаже и од нејзината втора љубов, а тоа е работата како водителка на музички емсии. 

Погледнете и уживајте:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.