МК Сцена
Го имаме хитот за 2019 година: Теа Трајковска објави феноменална песна со спот снимен во Анталија (ВИДЕО)
По подолга пауза пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со хит во буквална смисла на зборот. „Што би било“ е името на новата песна тема на која Трајковска и нејзиниот тим работеа неколку месеци.
Автор на текстот е токму Теа, додека пак на музиката и аранжманот и овојпат се потпишува најдобриот хит-мејкер во земјава, Лазар Цветковски.
Младата пејачка не го криеше задоволството дека ова е еден од нејзините најдраги проекти кои ги сработила.




