МК Сцена
Голем „анплагд“ концерт на НОКАУТ во Интермецо!
Овој четврток сите патишта водат кон омиленото скопско кафуле Интермецо каде и за оваа недела домаќините најавуваат богата музичка програма.
На неодамна реновираната летна тераса на Интермецо за овој четврток е закажана музичката дружба – овој пат со неповторливите момци од Нокаут.
Анплагд концертот на Пере и дружината стартува во 22 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови.




