Рекорден број посетители од Македонија и регионот пристигнуваат на EXIT!
Овогодишниот ЕГЗИТ по речиси сите параметри ги надминува сите претходни изданија во дведецениската историја на најголемиот фестивал на овие простори.
Еден од рекордите ќе биде и бројот на посетители од некогашната Југославија, кои токму на Егзит прв пат масовно се собраа по немирите од деведесеттите години на минатиот век. Во време кога зачестија обидите да се дискредитира секоја општествена акција на полето на соработка и воспоставување на нормален соживот во регионот, младите од сите страни одговараат во свој стил – со конкретни акции. Покрај Хрватска, од која на ЕГЗИТ пристигнуваат рекордни 5.000 посетители, рекорди ќе остварат и посетителите од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, што го прави ЕГЗИТ најзначајниот собир на младите во нашиот регион. Колосалното здание од 18-ти век стана планетарно славно заедно со Фестивалот, а од оваа година ќе го носи и неформалното име „Тврдина на мирот“ благодарение на уметничката инсталација на славната Јоко Оно (Yoko Ono) која со Егзит, како единствениот голем светски фестивал настанат од општествениот активизам, воспостави соработка со заедничка желба за здружување на силите во мировните проекти.
Основачот на Егзит, Душан Ковачевиќ вели дека со фестивалите во регионот и размената на луѓето од сите краеви на поранешна Југославија доживеал нешто што беше студентски сон на цели генерации: „Тешко ми е да објаснам како се чувствувавме изолирани едни од други во времето пред Егзит. Како некој да стори нешто против самата природа, бидејќи нам младите во тоа време ни забрани да се дружиме со луѓето кои говореа ист јазик, слушаа иста музика, сонуваа за исти нешта. Но како можат да нѐ спречат да одиме на Јадран или ЕГЗИТ, на Јахорина или Башчаршија, на Блед или Охрид? Кога во 2001-ва конечно повторно се собравме на Петроварадинската тврдина, како дел од нормалниот живот повторно да започна да тече.“




