Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Јане Рафаиловски со маестрална инструментална верзија на „Јано мори севдалино“

МК Сцена

Јане Рафаиловски со маестрална инструментална верзија на „Јано мори севдалино“

Јане Рафаиловски со маестрална инструментална верзија на „Јано мори севдалино“

За него велат дека е човек кој живее од и за музиката, а неговите дела само го потврдуваат тоа. Во новата година, еден од нашите најдобри и најценети музичари, Јане Рафаиловски, влегува со проект, кој повторно ги растрепери срцата на сите љубители на она што се нарекува македонска музика.

Имено, Рафаиловски, инспириран од прекрасната хармонија што ја има во песната, создаде инструментална верзија на една од нашите најубави народни песни „Јано мори севдалино“.

– Освен што песната е вистинска исприрација, но и предизвик за еден музичар, самата хармонија во неа, се совпаѓа и со материјалот кој го подготвувам за целиот мој албум. Имам доста планови оваа година. Короната можеби успеа да ја успори нашата работа, но желбата за творење и негување на она што се нарекува македонска музика и традиција, отсекогаш ќе тлее во нас, вели Рафаиловски.

Аранжманот за овој проект го работеше Дамир Имери, додека видеото, каде како главна улога се појавува Еми Андонова, е изработка на Даниел Јовески. Снимено е на повеќе локации во Скопје и Охрид.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.