fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Танго магија со Астор Пјацола

МК Сцена

Танго магија со Астор Пјацола

Танго магија со Астор Пјацола

Оркестарот на Филхармонија в четврток, во 20 часот ќе одржи концерт на кој ќе биде изведен Концертот за хармоника и оркестар „Аконкагва“ од Астор Пјацола, а како солистка ќе настапи Анна Коловска од Русија. Диригент е Борјан Цанев, а на програмата се и „Песна и танец“ од македонскиот композитор Томе Манчев, и „Орава“ од полскиот композитор Војчех Килар.

Астор Пјацола (1921 – 1992) е еден од најзначајните аргентински композитори, кој го револуционаризираше традиционалното танго, носејќи го во нов стил што го нарече „нуево танго“ (ново танго) во кое инкорпорираше елементи од џезот и класичната музика. Првиот концерт за бандонеон и оркестар, познат како „Аконкагва“ (така го насловил неговиот издавач Алдо Пагани, како асоцијација за врв во неговото творештво, аналогно на највисокиот врв во Јужна Америка), Пјацола го создава во 1979 година.

Војчех Килар (1932 – 2013) е еден од најзначајните современи полски композитори, автор на класична и филмска музика. Добитник е на повеќе награди за неговата музика за филм, а негово најголемо остварување е музиката за „Дракула“ на Френсис Форд Копола. Автор е и дел од музиката за филмот „Пијанист“ на Роман Полански. „’Орава’ е едниственото мое дело во кое не би сменил ниту една нота. Тоа најдобро ме одразува како композитор“, изјави полскиот композитор Војчех Килар во едно интервју направено во Краков во 1997 година. Насловот на делото не сугерира само на географскиот регион, сместен меѓу Полска и Словачкиа, туку и на реката која тече во овој регион. Музичката прогресија во „Орава“ може да се дефинира како поток кој тече од планинските предели низ различните пејзажи.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.