МК Сцена
Македонското продуцентско трио BDM има нова песна

Македонското продуцентско трио BDM денес го промовира шестиот сингл, песната Stay, која е во соработка со Yova. Ова е нивни втор заеднички проект, откако во летото 2018 година ја направија песната Lee. Покрај македонската, песната Stay ќе има и светска помоција и тоа на најголемите музички платформи, Amazon, Spotify, Deezer, iTunes и други.
„Среќни сме што повторно ни гостува Yova со нејзиниот уникатен сензибилитет и глас што ја носи песната на друго ниво. Овој сингл ни е посебно драг, не само затоа што е сосема поразличен од останатите наши синглови, туку и затоа што најемотивната песна што досега сме ја направиле“, велат момците од BDM, триото зад кое стојат Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов.
Истовремено, тие го промовираат и спотот, кој во црно-бела техника целосно го изработи Виктор Стоимиров, а главната улога ја има Христина Јанеска.
Од BDM најавија дека на почетокот на 2021 година ќе излезе и ремиксот за Stay, а го работат со холандскиот продуцнет Маrco.
„Овој синлг ќе се издава премиерно и во Холандија. Нестрпливи сме и едвај чекаме да го издадеме и ремиксот“, додаваат момците од BDM.
Новата песна, како и претходните, е испеана на англиски јазик и е во издание на Paragon Record Label. Музиката, аранжманот и текстот ги направија BDM. Синглот ќе се најде на албумот State of Mind на кој момците работат во моментов.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.
