Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонскиот филм „Кајмак“ го освои светот: Продаден во 40 земји од Западната хемисфера

МК Сцена

Македонскиот филм „Кајмак“ го освои светот: Продаден во 40 земји од Западната хемисфера

Македонскиот филм „Кајмак“, режиран од наградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, продаден е за дистрибуција во цела Јужна Америка, Средна Америка и на Карибите. Левел К, продажниот агент од Копенхаген, го продал филмот на 40 земји од Западната хемисфера, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Мексико, Јамајка, Аруба, Барбадос, Парагвај, Хаити, Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис.

Оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж веќе беше продадена во повеќе европски земји, а понатамошниот процес на пласман е во тек. Филмот ќе биде прикажан на оригиналниот, македонски јазик, со титлови на јазиците на земјите во кои се прикажува.

Претходно, „Кајмак“ беше прикажан на филмските фестивали во Бари, Белград и Софија, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот неодамна беше награден на фестивалот Фантаспорто во Португалија, а светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.