МК Сцена
„Од небо до дно“ – Каролина со нова долгоочекувана поп песна!
Како што најави на нејзиниот голем концерт на отворено во јули, Каролина Гочева го претстави синглот ,,Од небо до дно”, нејзината прва поп песна после 12 годишна пауза.
-Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано – порача Каролина.
Музиката е на самата Гочева, аранжман на оваа песна направи Роберт Билбилов, а текстот е дело на Весна Малинова и Владимир Даниловиќ.




