МК Сцена
Саша Ковачевиќ прави голем хуманитарен концерт во Прилеп
Популарната балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, на 30 ноември ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп.
Големиот хуманитарен концерт е закажан во спортската сала „Maкедонија“,а собраните средства се за помош на Дејан Најдоски и Мартин Стојаноски. Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт за деца од Македонија.
Концертот започнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.





