МК Сцена
„Ѕвездена музика“ со оркестарот на Филхармонија
„Ѕвездена музика“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист Питер Мур од Велика Британија.
Тромбонистот Питер Мур на 12 години, во 2008 година, стана најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници на „Би-Би-Си“. На 18 години Мур беше назначен за ко-главен тромбонист на престижниот Лондонски симфониски оркестар.
– Мојот стил во минатото беше да ги земам работите во мои раце и да не размислувам за далечната иднина, но кога ќе погледнам наназад, да, имав среќа да бидам дел од толку многу прекрасни музички искуства – вели Мур.




