Дејвид Гета ги продаде правата за својата музика за 100 милиони долари
Дејвид Гета, еден од најуспешните продуценти во светот и диџеј ѕвезда, ги продаде авторските права на компанијата Warner Music Group за околу 100 милиони долари.
Французинот е единствениот диџеј кој продал 50 милиони албуми и синглови, има 11 милијарди прегледи на јутјуб, добитник е на 2 греми награди и други бројни признанија. Низ годините соработувал со многу познати светски музички имиња како Ријана, Џастин Бибер, Сиа, Ники Минаж и други.
Тој не единствениот музичар кој го продал својот труд, пред него тоа го направиле и Боб Дилан, Шакира, Пол Сајмон.




