Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Евровизија 2023: Познати првите 10 финалисти

Музика

Евровизија 2023: Познати првите 10 финалисти

Синоќа во Ливерпул започна 67. издание на Изборот на песна за Евровизија, а во првата полуфинална вечер претставници на 15 земји дадоа се од себе за да стигнат до финалето.

Сепак, гласовите одлучија. Пласман во финалето обезбедија овие 10 земји: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, Украина и Обединетото Кралство во големото финале во сабота на 13 мај.

Пејачката Рита Ора настапи за време на ревијалниот дел, додека траеше гласањето. Таа на сцената изведе неколку од нејзините најголеми хитови, а одбележувајќи го овогодинешното мото „Обединети од музиката“, на сцената и се придружи младата танчерка Софиа Кладко, која е бегалец од Украина.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи утре (четврток), на 11 мај, а ќе настапат: Данска, Ерменија, Романија, Естонија, Белгија, Кипар, Исланд, Грција, Полска, Словенија, Грузија, Сан Марино, Австрија, Албанија, Литванија и Австралија.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.