Евровизиските скандали продолжуваат – Малта потрошила преку 650 илјади евра за евровизиската песна
Минатата недела се одржа 65-то издание на изборот на песна на Евровизија, но скандалите продолжуваат и една недела по финалната вечер.
По скандалот со Дамијано Давид и користењето на дрога во бекстејџот за финалната вечер, се појави нов скандал кој овојпат се однесува на Малта.
Овојпат, во центарот на скандалот е претставничката на Малта, која беше фаворит во обложувалниците неколку недели пред почетокот на изборот за песна на Евровизија, за на крајот да заврши на 7-то место. По финалето стана под знак прашалник како е можно таа да има добиено само 47 гласа од гледачите, а беше еден од главните фаворити.




