Музика
Сале СРВ се сети прв меѓу рокерите да ја опее оваа страшна корона – „П(л)андемија“ (ВИДЕО)
Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше оној, музичкиот. Или поточно естрадата, која ниту до ден денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ , а камо ли да почне сериозно да работи и да се врати на своите стари позиции.
Но во сиот тој метеж со чумата на 21-от век, некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, сеедно, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима.
Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ. По последните евторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.



