Галоски е омиленото диџејско име на светската диџејска елита
Македонија и тоа како има светски признат диџеј и вистински музички амбасадор, а доказ за тоа е дека Галоски – нашиот добро познат диџеј и продуцент веќе неколку години е еден од најбараните артисти во земјава и пошироко.
Само последниве две години позади себе има успешни интернационални настапи во најпознатите ноќни клубови ширум светот како и реномирани музички фестивали вклучувајќи Ултра Мјузик Фестивал во Сингапур, Си Денс Фестивал, Охрид Колинг и др. Годинава доби и одличен комплимент и беше именуван како “македонскиот гениј” од страна на Егзит фестивал (еден од најголемите музички фестивали во југоисточна Европа).
Галоски е едно од ретките имиња од овој дел од Европа што редовно успева да привлече внимание од најголемите диџејски великани како што се Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Хардвел, Афроџек, Ники Ромеро, Стив Ајоки и многу други.




