Музика
Лејди Гага и Бруно Марс го претставија новиот хит сингл „Die With a Smile“
Две мегаѕвезди на поп сцената, Лејди Гага и Бруно Марс, ги здружија силите за новата песна наречена „Die With A Smile“, која беше објавена денеска. Оваа неочекувана соработка, се разбира, веќе предизвика голем интерес кај обожавателите и критичарите ширум светот.
„Die With A Smile“ е спој на уникатните стилови на двајцата изведувачи, што на слушателите им носи нешто сосема ново и свежо на музичката сцена. Дуетот е опишан како соул балада со елементи кои потсетуваат на проектот „Silk Sonic“ на Марс од 2021 година. Се одликува со моќен вокал, привлечен рефрен и нежно свирење гитара, кои заедно се градат до славна кулминација во последниот рефрен.




