Марко и Матија имаат летен хит во најава!
Марко Кутлиќ, момчето кое неодамна ја промовираше темата „Буди моја ноќ“ и кое откри дека заради предметот историја во училиште, но и омилениот пејач и свој музички идол Тоше Проески ја засакал Македонија, има нова песна. Овој пат станува збор за дуетот со наслов „Заплесала је с љетом“ и повторно истиот има огромна желба да го сподели со македонската публика.
Марко Кутлиќ и Матија Цвек се познати лица на музичката сцена во Хрватска. Предводници се на младата генерација музичари, а заради летниот хит ги здружија силите. Се работи за два врвни вокали, фузија на фанк и рок, што овој пат делува како добитна комбинација – првиот такт, вториот и песната веќе не излегува од глава. Музиката е нивна, односно тие се автори, текстот е на Матија и Александар Чубрило, а продукцијата на Алан Довиќ и Антонио Перина
Пријателството и дружењето резултираа со одлична песна, а двоецот не го крие воодушевувањето.




