Марко Кутлиќ: Сакам македонската публика да ја слушне мојата песна, затоа што Македонија е земјата на мојот музички идол
„Буди моја ноќ“ е насловот на новата песна на еден од најталентираните хрватски изведувачи од поновата генерација – Марко Кутлиќ. И не станува збор само за нова песна, туку и за нов, сосема поразличен звук. Продукцијата е мошне органска и секој инструмент е отсвирен во живо.
„Буди моја ноќ“ ја потпишува Марко во соработка со Вјекослава Димтер и Дамир Бачиќ, а за аранжманот и музичката продукција се погрижија Драган Брнас-Фудо и Анте Гело.
Композицијата излегува во исто време со спот во кој покрај Марко се појавува и младата режисерка и актерка Арија Ризвиќ, со која Марко неодамна победи на шоуто на ХРТ „Ѕвездите пеат“. Видеото е со потписот на Јосип Нинковиќ.




