Музика
„Меморија“ промовираше три видеоспота и го најави големиот концерт во СЦ „Борис Трајковски“
Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ денеска го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата прес-конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје .
Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за поп-рок баладата „За тебе“, беа јавно промовирани и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група од 70-ите „Триангл“, снимени во живо на недодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип.
По воведните зборови на модераторот, инаку бивш член и еден од основачите на „Меморија“, денес ПР на бендот, новинарот и водител Антонио Димитриевски, промоцијата ја отвори лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. Тој говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, помошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот.






