НАЈПОПУЛАРНИ МЕЃУ МЛАДИТЕ: Таско и Пајак со заедничка песна и спот
Доолгоочекуваниот дует за кој толку многу зборуваа фановите на Таско и Пајак се реализираше со песната „Психо”. Најпопуларни меѓу младите двајцата Киковци, Христијан Тасковски-Таско и Христијан Настески-Пајак, ден по промоцијата веќе високо котираат на трендинг листата на Јутуб.
Песната е во трап стил за која музиката и текстот го напишаа самите Пајак и Таско и одлично се надополнуваат во истата, а додека миксот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо.
