Музика
Нов студиски проект на Роберт Билбилов и диџеј Никифор
Ако досега името на Роберт Билбилов се врзуваше само за најголемите хитови на домашната сцена, кога станува збор за комерцијалната музика, сега од неговата работилница излегува нешто сосема поразлично.
Имено, Билбилов заедно со диџеј Никифор има нов проект на кој, вели, е многу горд зашто истиот не е само своевиден музички експеримент, туку и парче кое значи нова опција за сите оние кои велат дека имаме само турбофолк забави и иста таква музика.
„Еве поинаква можност. Токму тоа и ни беше идејата – да му дадеме нешто ново на урбаниот народ“, вели Билбилов и признава дека идејата за ваквиот материјал насловен „Drunk cut“ се родила сосема случајно, откако бил на една журка на која Никифор пуштал музика.






