Победниците на Евровизија наскоро пристигнуваат во Белград
Италијанската група „Måneskin“, овогодинешните победници на Евровизија, доаѓаат во Србија. Оваа вест ја соопшти заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
Иницијативата популарниот бенд да оддржи концерт во Србија, потекнала од големиот број млади корисници на социјалната мрежа „TikTok“.
Весиќ навел дека во тек биле преговорите со познатиот бенд околу потпишување на договорот и датумот кога ќе се оддржи концертот, но дека тоа би требало да се случи во периодот на месеците февруари или март на Белградскиот саем.




