Музика
Дали е ова новиот хит за 2021 година? Слушнете ја новата песна на Антониа Гиговска (ВИДЕО)
„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која вчеравечер го промовираше на своите социјални мрежи.
Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“.
Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец.




