Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел ги одложи концертите во Лас Вегас поради Ковид

Музика

Адел ги одложи концертите во Лас Вегас поради Ковид

Адел ги одложи концертите во Лас Вегас поради Ковид

Британската пејачка и текстописец Адел (33) ја одложи серијата настапи во Лас Вегас поради инфекција со коронавирус само 24 часа пред нејзиниот прв настап.

Адел сподели емотивно видео на Инстаграм, во кое со солзи во очите ги информираше своите обожаватели дека ги одложува концертите во Лас Вегас.

– Жал ми е, но концертите едноставно не се целосно подготвени. Се обидовме апсолутно сè што можеме за да ги подготвиме на време и да биде доволно добро за вас, но бевме апсолутно девастирани од коронавирусот. Половина од мојата екипа и тимот се заболени со Ковид и беше невозможно да се одржи концерт – рече таа во солзи.

– Навистина ми е жал. Ќе ги поместиме сите датуми, моментално работиме на тоа – ги увери таа фановите кои веднаш и ја дадоа сета поддршка.

Пејачката требаше да одржи 24 концерти во „Caesars Palace’s Colosseum“ почнувајќи од денес, а истите беа најавувани уште од крајот на ноември. Адел требаше да изведува две шоуа секој викенд до април.

 

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.