Музика
Владо Јаневски во Охрид – Концерт на 10 август во „Антички театар“
После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава – „Атнички театар“ – Охрид. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствената и уникатна музичка приказна која на 10 август, во организација на „Прагма продукција“, ќе ја подготви Владо Јаневски.
Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.
