Музика
„Во името на љубовта“ – Голем концерт на Жељко Самарџиќ на 13-ти април во Скопје

Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото. Во нив ќе уживаат и девојките, но и повозрасните дами. И оние коишто ќе бидат таму за да танцуваат, но и оние другите, коишто ќе сакаат само да гледаат и пеат.
Помеѓу големите концерти, важните успеси, болните сеќавања, носталгијата, се провлекува една животна приказна преполна со искушенија и музика, преполна со емоции. „Подгответе се за одлична забава, но и заедно да ја прославиме љубовта!“ – вели Самарџиќ.




