МК Сцена
На стартот на Карпошовото културно лето: Калиопи го „обои“ Карпош
Со прекрасните звуци на „Црно и бело“, „Локомотива“, легендарната „Бато“ и „ Обои ме…со сеќавања“, мегапопуларната македонска и балканска ѕвезда Калиопи вечерва го „обои“ Карпош на самиот старт на годинашното, осмо по ред Културно лето Карпош 2015.
Со триилјадна публика, главно жители на Општина Карпош но и многубројни „гости“ од другите скопски општини, Градот и Републиката, плоштадот „Делфина“ во Влае беше полн како „око“ од љубителите на добра музика и на фантастичната изведба на еден од водечките македонски музички брендови.
Големата културна манфестација која традиционално ја организира локалната самоуправа, ја прогласи за отворена првиот човек во Општината Стевчо Јакимовски кој ги најави претстојните двонеделни уметнички настани, со музика за сечиј вкус, со многу ликовна, театарска и филмска уметност.








