МК Сцена
По шест години, Сител престана со емитување на „Малечката невеста“
Малечката невеста (23.10.2010 – 3.05.2016)
По скоро шест години емитување на индиската сапуница “Малечката невеста”, Сител телевизија реши да ја прекине серијата. Оваа седмица, серијата е тргната од програмата на телевизијата на која досега беа емитувани околу 1700 епизоди.
Пред неколку месеци скоро сите телевизии во регионот ја укинаа Невестата поради немање на заинтересираност повеќе кај народот да ја пратат приказната без крај.




