Музика
Последните стихови на Боуви се збогување на човекот кој знаел дека умира
Стиховите на песната што Дејвид Боуви ја објави еден месец пред неговата смрт претставуваат збогување на човек кој знаел дека неговиот живот завршува, оценуваат британските медиуми.
„Погледни горе, во рајот сум“, е само еден од стиховите во песната „Lazarus“, во која меѓу останатото Боуви порачува дека повеќе нема што да загуби и дека наскоро ќе биде слободен како птица.
Само три дена пред смртта на Боуви бепе објавено и видео за „Lazarus“, а во него пејачот се наоѓа во болнички кревет, телото му се тресе под прекривката, додека очите му се покриени со завој.



