Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Работилница за изработка на божикни ѕвезди

МК Сцена

Работилница за изработка на божикни ѕвезди

Во семејниот дом на Даниела Секуловска, која веќе неколку години изработува Божикни ѕвезди за децата што ги предводат бадниковите поворки, се организираше мини работилница во која се вклучија Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски.

Лоба, Лилиќ и Божиновски ќе бидат дел од годинашните бадникови поворки и заедно со уште многу познати личности од музиката, филмот, телевизијата, спортот и театарот ќе чекорот и пеат заедно со децата, и во тоа колективно радосно празнување ќе го наговестат Христовото раѓање.

Божикната ѕвезда освен за украсување на домот ќе им биде потребна на децата и за учество во бадниковите поворки кои традиционално и оваа година, на 6 јануари – Бадник, ќе се одржуваат низ улиците на Скопје и сите останати градови во Македонија.

dav

Божикната ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда која со необична светлина блескала и ја осветлувала пештерата во која се родил Исус Христос.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.