МК Сцена
Саша Ковачевиќ ќе се дружи со фановите во Охрид
Саша Ковачевиќ активно се подготвува за големиот концерт на стадионот Билјанини Извори.
Во Охрид е веќе од четврток, бидејќи многу го сака овој град. Како што изјави во една пригода, Охрид му е во срцето и дефинитивно е во првите три омилени градови во светот.
Во петок Саша ќе ги посети најпознатите плажи во Охрид и Струга и одблиску ќе се дружи со своите фанови, а вечерта ќе биде на градскиот плоштад во Охрид.




