Музика
Селена Гомез се повлекува од јавниот живот и музиката? (ВИДЕО)
На својот концерт во индонезискиот главен град Џакарта, поп пејачката Селена Гомез се расплака и потоа им порача на своите обожаватели дека „повеќе не може да се пронајде себеси во својата музика“.
– Веројатно ќе морам да го преиспитам својот живот. Да размислам која сум всушност јас. Никогаш не сум ве лажела, па нема ни сега, истакна 24-годишната пејачка, која изгледа го загубила својот пат и „не може сама со себе“, како што самата рече во емотивниот говор.
Поп ѕвездата остави слична драматична порака и на социјалните мрежи, па фановите сега се прашуваат дали ќе ја продолжи музичката кариера или ќе се повлече. Тие се загрижени и за нејзиното здравје, оти таа уште од тинејџерските денови се бори со депресија.




