Шоубиз
Ед Ширан доби уште една ќерка
Музичарот Ед Ширан (31) и сопругата Шери Сиборн добија уште едно дете, уште едно девојче. Среќната вест Ед ја сподели на својот Инстаграм профил, каде го следат повеќе од 38 милиони фанови.
– Сакам да ве известам дека имаме уште едно прекрасно девојче. И двајцата сме вљубени во неа и сме пресреќни што сега сме 4-члено семејство– напиша музичарот под фотографија од бебешки чорапчиња.




