МК Сцена
СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ: Денот на шегата одбележан на плоштад Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Денеска, на Плоштад Македонија, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, беа дел од најголемата детска забава под маски „Априлијада 2016-Скопје се смее“, што традиционално ја организираат Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје.
– Под мотото СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ, секоја година го одбележуваме 1 април, денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови коишто го прославуваат овој ден. Денеска, од претпладневните, па се до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од најмала, па до најстара возраст ќе се забавуваат, дружат и шегуваат.
Први април е денот кога децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, можат да се маскираат во бетмени, кловнови, принцези и принцеви, односно во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, истакна градоначалникот Трајановски.













