МК Сцена
Вечерва започнува „Штипската пастрмалијада“
На градскиот стадион и во насeлбата „8-ми Ноември“ во Штип од вечерва почнува осмото издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“.
Како што информира портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов поставени се сцената и штандовите на 27-те угостители и три винарии.
„Пастрмалијадата“ ќе започне неофицијално по 18 часот со промоција на маскотата, а во 19.30 часот е предвидено и официјално отворање со обраќање на градоначалникот, Илчо Захариев. Веднаш потоа следи претставувањето на џиновската пастрмалија и трката во брзо јадење пастрмалии. Во музичкиот дел, вечерва ѕвезда на вечерта е фолк пејачот Јордан Митев со неговиот оркестар.




