Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИДЕО: Тамара со новиот спот за „Баш на тебе“ го најавува утрешниот голем концерт!

МК Сцена

ВИДЕО: Тамара со новиот спот за „Баш на тебе“ го најавува утрешниот голем концерт!

Петнаесет години по објавувањето на нејзиниот прв сингл, овој петок, 27-ми ноември, денот на големиот концерт на Тамара Тодевска во СЦ „Борис Трајковски“!

Изненадувања, емоции и хит рефрени – ќе бидат лајтмотив на претстојниот концерт. Замислете само колку моќно ќе звучи „Тажна љубов, среќна песна“ кога ќе ја пеат илјадници луѓе! Возбудата расте и поради најавените настапи на бројните гости и пријатели на Тамара, Игор Џамбазов, Раде Врчаковски-Врчак, ДНК, Влатко Илиевски, Даниел Кајмакоски и нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ.

Последниве денови се во знакот на успехот за Тамара. На Македонскиот радиски фестивал МАРС 2015, „Фрази љубовни“ на Тамара и ДНК им донесе награди за Апсолутен радиски хит на годината и најдобра соработка.

Tamara

Горила Филмс го промовира и најновиот видео запис за темата „Баш на тебе“, во режија на Горан Костадинов. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Музиката и стиховите за оваа композиција ги напиша Игор Џамбазов, а аранжманот го направи Роберт Билбилов.

Концертот е скоро распродаден, останат е мал број влезници во продажба. Не ја пропуштајте можноста да уживате во овој врвен музички настан за кој долго ќе се зборува!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.