Музика
Здравко Чолиќ веќе 40 години не разговара со Локица Стефановиќ поради „навреда“
Легендарниот екс-ЈУ пејач Здравко Чолиќ речиси 40 години не разговара со познатата српска кореографка Локица Стефановиќ, поради невидум бизарна работа.
Во 70-те години на минатиот век Локица и нејзината танчерска група често го придружуваа Чолиќ на неговите настапи и станаа препознатлив белег на некои од хитовите на популарниот пејач од тој период.
Меѓутоа, соработката меѓу нив е прекината откако во документарниот филм „Pjevam danju, pjevam noću“ од 1979 година, посветен на пајачот, Локица изјавила дека „Здравко не е талентиран за танцување“.




