Муамед Сејдини: „Изразувам искрено жалење за негативните реакции од бојата на новиот дрес“
На официјалниот фејсбук профил на Фудбалската федерација на Македонија, беше објавено соопштение од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, а поврзано со најновите реакции околу новиот дрес на македонската репрезентација.
„Драги навивачи на македонската репрезентација,
Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.




