Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Вечерва нашата репрезентација дебитира на ЕП, прв противник е Австрија

Фудбал

НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Вечерва нашата репрезентација дебитира на ЕП, прв противник е Австрија

НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Вечерва нашата репрезентација дебитира на ЕП, прв противник е Австрија

Се оствари долго очекуваниот сон на македонските навивачи – Македонија, денеска, на Националната арена во Букурешт, Романија, ќе дебитира на Европското фудбалско првенство. Прв противник, во Ц-групата, на македонската репрезентација од 18 часот ќе биде селекцијата на Австрија.

Македонија како најдобра селекција во Ц-дивизијата избори пласман на ЕУРО 2020. Голот на Горан Пандев, во Тбилиси против Грузија, го оставари сонот на генерации македонски фудбалери.

– „Точно е дека работат емоциите, точно е дека сите во Македонија, фудбалерите, навивачи, медиуми, јавност го очекувавме овој момент. И, верувајте сега сме подготвени да го дадеме срцето за нови радости, затоа што знаеме дека сите погледи во Македонија се насочени кон нас. Јас го прифатив предизвикот на селекторот пред шест години кога дојде во Џенова и ме убеди да се вратам во националниот тим затоа што не чекаат успешни денови. И ми се чини дека тоа беше главно на патот до остварувањето на овој сон. Но, секако и јас и соиграчите сме подготвени да го прифатиме и овој предизвик. Желбата е секако да го демонстрираме максимумот на секој натпревар и да се обидеме да не завршиме со само три меча на шампионатот.“, изјави на поседниот прес пред натпреварот капитенот Пандев.

На стадионот во Букурешт фудбалерите ќе имаат поддршка од околу 2.000 македонски навивачи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Фудбал

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.