
Македонија
Грчки авиони ќе прелетаат над македонското небо
Со два прелета во воздушниот простор на Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing” (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Грција.
Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.
Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.



