МИЛА ЦАРОВСКА: „Северна Македонија и честита на Тамара и на целиот тим!“ (ФОТО)
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, беа претставници на Владата на Република Северна Македонија, кои вчера со граѓаните на нашата земја ја пречекаа Тамара Тодевска и нашиот тим кој настапи на Изборот на песна на Евровизијата за 2019 година што се одржа во Тел Авив во Израел.
На срдечниот пречек на Меѓународниот аеродром Скопје на сите од тимот на нашата земја на евровизискиот избор им беа пренесени честитките на Владата на РСМ за успешното претставување на земјата и за историскиот пласман на Тамара Тодевска со песната „Proud“.





