Македонија
И паметните часовници ќе спасуваат животи: Новитет во системот на македонскиот 112
Центарот за управување со кризи (ЦУК) воведува револуционерна надградба во системот за итни повици 112, овозможувајќи автоматски повици од „паметни часовници“. Оваа иновација е дел од постојаните напори за подобрување на пристапот до итните служби на целата територија на Македонија.
Во случај на губење на пулс или пад, паметниот часовник автоматски ќе алармира и ќе испрати точни GPS координати до ЦУК, обезбедувајќи брз одговор без потреба од рачно повикување.
Побрза и ефикасна помош
Системот на 112 е интегриран со полицијата, противпожарната служба и итната медицинска помош, овозможувајќи координиран и брз одговор во случаи на животна опасност. Дополнително, новиот систем поддржува:




