Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Убавините на Македонија прикажани во едноминутно авантуристично видео

Видео

Убавините на Македонија прикажани во едноминутно авантуристично видео

#CanYouMakeIt е глобален настан организиран од Ред Бул во кој 165 тима од повеќе од 50 земји ќе се натпреваруваат патувајќи низ Европа користејќи ја само Ред Бул лименката како валута.

Македонија ќе има само еден тим претставник на натпреварот и тој ќе биде избран од 14-те тимови пријавени. На видеото погоре е претставен тимот студенти Методи, Мето и Јане ­од универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

 – „Пред четири недели сред испитна сесија и сите непреспиени ноќи кои се резултат на тоа, Ред Бул беше тој што ни даваше сила да продолжиме. Размислувајќи за авантура после испитите ја здогледавме рекламата на Ред Бул за нивниот најнов предизвик. И тоа беше точно тоа што ни требаше! Предизвик! Предизвик да ги положиме испитите и да ги посетиме најубавите места во нашата држава. За краток период да се искачиме на највисоките планини, да запознаеме нови луѓе и да излеземе надвор од комфорната зона.” ­ изјавија од тимот Синки.

На едноминутниот видео запис можете да погледнете различни пејсажи кои ќе ви го одземат здивот, а сите се снимени на различни локации во околината на Скопје, односно на Козјак, Водно и Матка.

За да ги поддржите овие студенти да ја продолжат нивната авнтура кликнете тука.

voTekst

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.