Музика
ГОЛЕМ СПЕКТАКЛ ОВАА ЗИМА: Прво доделување на регионални музички признанија
Во организација и продукција на најголемата регионална продукциска куќа Скајмјузик (Skymusic), на 29 јануари во Штарк арената во Белград ќе се одржи музички спектакл каков сè уште не е виден во овој дел на Европа.
Дел од церемонијата на доделувањето на првите регионални музички признанија Huawei Music Awards Ceremony (MAC) ќе бидат најголемите ѕвезди од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во рамки на програмата која ќе трае повеќе од четири часа, на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Публиката ќе ужива во спектакуларните настапи осмислени и режирани специјално за оваа прилика. Ќе бидат доделени повеќе од 20 музички признанија за најдобри изведувачи, нумери од различни жанрови, спотови, сценски настапи…




